11 April 2012

НАЈГОЛЕМАТА ВЕШТАЧКА ПЛАЖА ПОД ПОКРИВ



Вештачките плажи имаат голема популарност во целиот свет. Можеме да ги видиме во Монако, Хонг Конг, Париз, Берлин, Ротердам, Торонто и други, но најголема меѓу нив е "Seagaia Ocean Dome" во Мијазаки, Јапонија. Оваа вештачки затворена плажа е долга вкупно 300 метри, а широка 100 метри.

Во неа има изработено вештачки вулкан, плажа од песок на која има и вештачки палми. Интересно е што на оваа плажа може да одите и кога времето е врнежливо бидејќи направен е најголемиот покрив на затворање, кој обезбедува сино ведро небо во секое време.



Температурата на воздухот е постојана со околу 30 степени Целзиусови, а температурата на водата се движи околу 28 степени Целзиусови. Вулканот се активира на секои 15 минути и испушта огнени пламени на секој час, кога во океанот се прават огромни бранови за големо задоволство на сурферите.

Нејзиниот максимален капацитет е 10.000 туристи. Официјално е отворена во 1993 година, а најмногу посетители се забележани во 1995 година кога се избројани 1.25 милиони луѓе. Билет за возрасен чини околу 30 американски долари, додека за деца приближно 20.











Извор:mojatanajubavagradina.mk

No comments: