Во понеделникот вечерта Челзи изигра нерешено со Фулам 1-1 и сето тоа беше доволно само за шестото место во Премиер Лигата, зад Тотенхем и Њукасл, но Калу е убеден дека може да ги престигнат двата клуба, како и тимот на Арсен Венгер, за да завршат на третото место.
Челзи се соочува со набиениот распоред во следните неколку недели почнувајќи во полуфиналето од ФА Купот на Вембли во недела против Тотенхем. Играат и полуфинале од Лигата на Шампиони на домашен терен против Барселона. И покрај сите овие утакмици тие имаат теоретски шанси да се изборат за Европски настан следната сезона.

No comments:
Post a Comment