18 April 2012

Претпладне дожд, попладне ветер – од сабота разведрување

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи, според УХМР ќе има во претпладневните часови, особено во јужните и источните делови на Македонија. Попладне врнежите постепено ќе престануваат, а ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.


Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје и околината облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Слично време не очекува и во четврток и петок. Метеоролозите најавуваат локално невреме проследено со грмотевици. Стабилизација и постепено разведрување ќе има во првиот ден од викендот, за кога се очекува и пораст на температурите.

No comments: