18 April 2012

МВР: Не е точно дека убијците се фатени


МВР засега нема идентитет на сторителите, а податоците дека сторителите на грозоморното убиство се најдени кои прокружија низ јавноста не се точни.

mvr-vlez.jpg-500
- Се уште ги разработуваме сите сценарија кои би можеле да се случат и во оваа фаза цениме дека објаснување на новите детали не и одат во прилог на истрагата и токму затоа не треба да се објавуваат во целост. Сознанијата за мотивите за убиството засега не ги коментираме затоа што би можеле многу да откријат. Не потценуваме ниту една информација која излегува во јавноста, но работиме буквално 24 часа за истрагата да напредува секој ден. Информациите кои ги имаме бараат време за разработка. Иако имаме прелеминарни сознанија за сторителите, во интерес на истрагата нема да бидат јавно кажани, рече министерката Јанкуловска.
Министерката посочи дека секој ден има по некој нов детаљ за петкратното убиство кај Смиљковци, но во интерес на истрагата тие не можат докрај да бидат објавени во јавноста и апелираше на воздржаност и разбирање од сите граѓани и медиуми.

No comments: