Не поради спорната елиминација од Барселона во 2009 кога светот беше сведок на неправдата за сините во корист на Барселона, туку за себе, за клубот, за навивачите, за англискиот фудбал. За сето ова Челзи мора да влезе во полна сила против бранителот на титулата, во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите.
Предводникот на Барселона, Пеп Гвардиола, предупредува дека Челзи од спорната 2009, промени неколку тренери, но дека главните играчи и натаму се исти, со еднаков квалитет, со истиот дух и желба за одмазда. - Се сеќавам дека во 2009 ни беше многу тешко со нив, особено на првиот натпревар, но тоа беше нашата прва заедничка година, сега сме во поинаква ситуација, фокусирани сме, вели Гвардиола не споменувајќи многу за судискиот одлуки кои во 2009 според многумина и помогнаа на Барселона околу пласманот во финалето. Роберто ди Матео, кој го предводи Челзи неколку недели не е оптоварен со минатите средби на овие два клуба. - Факт е дека ќе ни требаат две перфектни изданија против Барселона вели ди Матео, но начинот на кој играме во последниве неколку недели на дава надеж. Ќе ни треба големи тимски ефорт да го сопреме Меси, но генерално ќе треба да се избориме со нив на тимско ниво, не само со Меси, рече ди Матео. Лондон се покажа среќен за Барселона минатата година, во ланското финале токму во главниот британски град, Каталонците ја освоија титулата триумфирајќи против друг премиерлигаш, Манчестер Јунајтед.
No comments:
Post a Comment