18 April 2012

Мирен собир во Битола за поддршка на семејствата на убиените кај Смиљковци


Членови на навивачката група „чкембари“, нивните поддржувачи и младинци од Битола попладнево на Широк сокак одржаа протестен марш за поддршка на семејствата на убиените минатата недела кај Смиљковци.
- Сакаме да искажеме сочувство до семејствата на загинатите момчиња. Нашата порака е да се пронајдат виновниците за трагичниот настан во Скопје, истакна Никола Пискачев  учесник на протестот.
Мирниот протест започна од пред споменикот на бранителите, а заврши пред зградата на Општина Битола.
За време на протестот кој беше обезбедуван од полицијата не е регистрирано нарушување на јавниот ред и мир во овој град.

No comments: