18 April 2012

Челси ги скроти Меси и Барселона


Премиерлигашот од Лондон, екипата на Челси со предност ќе го очекува реванш дуелот во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва минимално со 1-0 триумфираше на првата средба на својот „Стемфорд бриџ“.
Единствениот погодок вреден значаен триумф за „сините“ го донесе Дидие Дрогба во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, по асистенцијата на Рамирес. Тимот на Роберто ди Матео на тој начин успеа да го скроти големиот фаворит, кој и покрај теренската иницијатива во вториот дел сепак не успеа да стигне до израмнување на средбата.
Најголемата можност Каталонците ја имаа во последните секунди од средбата кога Педро го погоди дирекот, а само пет минути претходно и Петар Чех на извонреден начин спаси израмнување по обидот на Пујол со глава.

Извор: Сител

No comments: