18 April 2012

Јапонска банка ќе претстави банкомат со скенер за дланката


Кога минатата година Големиот земјотрес и цунамито ја погодија Јапонија илјадници Јапонци ги напуштија своите домови оставајќи сè вклучително и нивните лични документи и кредитни и дебитни картички. А секој од нас знае колку време потоа се губи низ разните банкарски процедури.

За среќа, една јапонска банка го има одговорот на овој проблем - банкомати со вграден скенер на дланката наместо картичка.
Јапонска банка ќе претстави банкомат со скенер за дланката
Банката Ogaki Kyoristu најави дека новите банкомати во септември ќе бидат инсталирани во 10 банки, а ќе има drive-through банкомат.

Целиот проект се рекламира со слоганот „Вие сте Вашата картичка“. Но сепак, банкоматите со скенер за дланката не се новост во Јапонија, но овие ќе бидат првите за кои нема да Ви биде потребна дополнителна картичка, туку само дланката.
Извор: Бркајработа

No comments: