11 April 2012

Која земја ќе банкротира прва?


Која земја ќе банкротира прва?
Иако како прв кандидат за банкрот се споменува Шпанија, оваа земја на листата на 10 земји во светот кои се финансиски најзагрозени се наоѓа на последното место. 

Маркит, сервисна компанија која нуди независна анализа на пазарот и финансиски информации, неодамна објави листа на земји кои би можеле наскоро да банкротираат.

На листата ја нема Грција, која во финансиските кругови на еврозоната е прогласена за спасена по големата кредитна инјекција. Првото место го зазема Кипар, а потоа следи Португалија, која неодамна најави дека ќе бара помош од ЕУ и од ММФ.

Интересно е тоа дека на четврто место се наоѓа Украина, додека нејзин најголем странски инвеститор е Кипар. На листата се и три земји надвор од Европа – Аргентина, Венецуела и Либан.

Ова е табелата на сите десет земји кои се најблиску до банкрот

1. Кипар 

2. Португалија 

3. Украина 

4. Аргентина 

5. Венецуела 

6. Ирска 

7. Унгарија 

8. Египет 

9. Либан 

10. Шпанија

Извор:www.netpress.com.mк

No comments: