Можеби некои професии кои се на оваа листа ќе Ви бидат изненадување, и можеби ќе помислите дека не заслужуваат да се најдат на неа.
Погледнете ја листата на најсмртоносни професии во светот:
5. Копање на нафта
Исклучително стресна и напорна работа, особено ако се работи на море. Веројатноста дека ќе дојде до експлозија во ископината е релативно висока, па затоа тоа е еден од клучните фактори оваа професија да биде екстремно опасна. Статистиките покажуваат дека на 100.000 работници има 37 смртни случаи.
4. Рудар
Поради тешките работни услови и поради големиот ризик, рударите го заземаа четвртото место на оваа листа. Статистичките податоци покажуваат дека на 100.000 рудари бројот на смртни случаи е 65.
3.Пилот
Иако комерцијалните летови се безбедни како за патниците, така за пилотите, големиот ризик е кај малите авиони ( прскање на комарци и слично). Бројот на смртни случаи е 70 од 100.000 пилоти.
2. Дрвосечач
Освен очигледните причини, како паѓање на огромни стебла, дополнителен ризик претставува работата на стрмни терени, неповолни временски услови. Затоа не изненадува и податокот дека од 100.000 работници, бројот на смртни случаи е 105.
1. Рибар
Првото место го заземаа рибарите.Тие се соочуваат со бури, магла, немирно море. Поради работа далеку од копното е оневозможена стручната медицинска помош, во случај на повреда на екипажот. Тука бројот на смртни случаи е 125 на 100.000 рибари.
Извор:denar.mk
|
No comments:
Post a Comment