11 April 2012

Најдолгиот мост во светот отворен за сообраќај


Кина од неодамна го отвори за сообраќај највисокиот и најдолгиот изграден мост со тунели. Мостот ќе поврзува два тунели на одалеченост од 1.176 метри, кои се наоѓаат на 355 метри над постоечкиот кањон.
Преку мостот водат две ленти во секој правец, а има и посебен дел за пешаци и велосипеди. Максималната дозволена брзина за автомобилите е 80 километри на час. 

Изградбата на оваа грандиозна конструкција почна во октомври 2007 година, а главните делови се завршија кон крајот на 2011 година. Мостот привремено беше отворен во февруари оваа година за пролетниот фестивал. Тој е направен за да се олесни транспортот во планинскиот регион Хунан каде патиштата во најголем дел се кривулести и стрмни.

Извор:
http://www.netpress.com.mk

No comments: