18 April 2012

Болката може да ни го спаси животот


Научници открија дека интензивна болка по срцев удар може да му го спаси животот на пациентот дека блокирање болка со силни лекови придонесува влошување на состојбата и намалување на шансите за преживување.
Научници од Бристолски универзитет откриле дека за време на срцев удар сигналите за болка од срцевите нерви привлекуваат матични клетки од коскената срж кои поправаат оштетувања предизвикани од ударот и враќаат проток на крв во срцето.


- Чувството на болка е клулно кај пациенти кои имаат срцев удар бидејќи во мозокот болката предизвикува психолошки процеси кои ја поправаат настанатата штета, вели авторот на истражувањето Паоло Мадеду.
- Болката е компликуван процес. Не се работи само за тоа дека телото ве предупредува дека нешто не е во ред. Болката може да значи и дека телото само го поправа здравствениот проблем, смета Хелена Вилсон.

No comments: