Кошаркарите на Њујорк со 118:110 го победија Бостон во еден од петте ноќешни натпревари во НБА лигата и се зацврстија на седмата позиција во Источната конференција.

Тие имаат една победа повеќе и еден пораз помалку од Филаделфија која е на осмото место (последно кое обезбедува учество во плеј-офот).
На другите натпревари одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати: Филаделфија - Индијана 97:102, Детроит - Кливленд 116:77, Минесота - Мемфис 84:91 и ЛА Лејкерс - Сан Антонио 91:112.
Вечерва на распоредот се 14 натпревари. Двојките се: Вашингтон - Милвоки, Шарлот - Чикаго, Кливленд - Филаделфија, Њу Џерси - Њујорк, Атланта - Детроит, Мајами - Торонто, Бостон - Орландо, Мемфис - Њу Орлеанс, Далас - Хјустон, Денвер - ЛА Клиперс, Феникс - Оклахома, Сакраменто - Сан Антонио, Портланд - Јута и Голден Стејт - ЛА Лејкерс.
Пласман во Источната конференција: Чикаго 46-15 (победи - порази), Мајами 43-17, Индијана 40-22, Бостон 36-26, Атланта 36-25, Орландо 36-25, Њујорк 32-29, Филаделфија 31-30,...
Пласман во Западната конференција: Сан Антонио 44-16 (победи - порази), Оклахома Сити 44-17, Лос Анџелес Лејкерс 39-23, Лос Анџелес Клиперс 38-23, Мемфис 36-25, Денвер 34-27, Далас 34-28, Феникс 32-29, Хјустон 32-29, Јута 32-30,...
Извор: Сител
No comments:
Post a Comment