Крвав Велигден во Кочани. Токму на најголемиот христијански празник триесет и деветгодишен кочанчанец со нож го прободел татка си и го оставил на искрвари во семејната куќа во градот, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, убиството на шеесет и двегодишниот Благоја Дафков се случило вчера околу девет часот во семејната куќа на улицата Гоце Делчево во Кочани. Неговиот син Антонио без особена причина зел нож и повеќепати го избодел старецот.
Антонио Дафков, убиството на својот татко по неколку часа самиот го пријавил во полиција. Обдукцијата на телото на Благоја покажала дека има повеќе убодни рани од која фатална била онаа во стомакот по што искрварел.
Неофицијално, синот имал здравствени проблеми и бил на лекување во психијатарска установа.
Полицијата во Кочани се уште работи на расчистување на случајот по што е најавена соодветна кривична пријава за убиецот.
Извор:Netpress
Извор:Netpress
No comments:
Post a Comment