14 April 2012

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден


Викендов поради Велигден се воведува посебен сообраќаен режим на дел од главните улици во градот.
Од Град Скопје известуваат дека в сабота во периодот од 18 до 6 часот наредниот ден, ќе биде забрането одвивањето на сообраќајот на дел од булеварот Партизански одреди.

Затворен ќе биде потегот од крстосницата со улицата Френклин Рузвелт до крстосницата со улицата Даме Груев, како и делот на булеварот Св. Климент Охридски од крстосницата со улицата Орце Николов до крстосницата со улицата Димитрие Чуповски.

Градските автобуси што се движат по Партизанска кон Карпош, ќе бидат пренасочени по улиците Димитрие Чуповски, Митрополит Теодосиј Гологанов и Френклин Рузвелт, а по истите улици како и по улицата 11 Октомври ќе се движат и автобусите што одат во правец кон Центар.

No comments: