14 April 2012

Ден на жалост во Општина Бутел - ќе се погребуваат убиените во Смилковци

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска апелираше доколку некој граѓанин има каква било информација во врска со настанот да ја информира полиција.

Знамињата  пред административната зграда на општина Бутел денеска се симнати на половина копје по грозоморното убиство на четирите момчиња од Радишани и на 45-годишниот маж од Црешево.
Денеска ќе се изврши поребот.
Во четвртокот, доцна вечерта беа пронајдени 5 мртви тела во близина на езерото кај селото Смилковци.
Телата на убиените биле пронајдени од страна на рибарите, а околу телата биле видливи траги од крв и чаури.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска апелираше доколку некој граѓанин има каква било информација во врска со настанот да ја информира полиција и апелиаше да смират страстите, а медиумите да се воздржат од шпекулации за да не се подгреваат меѓуетнички тензии.
Полицијата е мобилизирана и со својот најквалитетен кадар работи на наоѓање на сторителите на грозоморниот чин.

No comments: