14 April 2012

Се привршуваат анализите од судска медицина за петмината убиени



Десет лица од судска медицина биле ангажирани при обдукцијата на телата на Кире Тричковски, Цветанчо Ацевски, Александар Накевски и на Филип Славковски, како и на Борче Стефковски кои беа пронајдени мртви во близина на Железарското езеро во четвртокот вечерта. 
Анализите се привршуваат и ќе бидат предадени на истражен судија. Тие ќе ги дадат деталните описи, правците односно аглите на пенетрирање на проектилите во телата, позицијата на телата, далечината на испукување на проектилите, како и тоа колку жртвата живеела по здобивањето на повредите. Високи извори од судска медицина брифираат дека е потешко, но сепак не е невозможно да се утврди и редоследот на жртвите. 
Од МВР за 13 часот и 30 минути, најавуваат прес конференција на која министерката Гордана Јанкулоска ќе даде детали околу тоа што е преземено досега во врска со овој случај.

No comments: