Со натпреварот Баерн Минхен - Реал Мадрид вечерва на „Алианц Арена“ во Минхен ќе биде отворена полуфиналната фаза од најквалитетното клупско фудбалско натпреварување во Европа - Лигата на шампионите. Почетокот на натпреварот е од 20 часот и 45 минути.

Во вториот полуфинален натпревар утревечер во Лондон, Челзи ќе го пречека бранителот на трофејот од минатата сезона, тимот на Барселона.
Реваншите се закажани за 24 и 25 април, а подобрите од овие пресметки ќе играат во големото финале на 19 мај во Минхен.
Извор: Сител
No comments:
Post a Comment