По несреќата во италијанскиот фудбал, време е малку среќни вести во фудбалот, овој пат таа чест му припадна на Lionel Messi. Најдоброто крило на фудбалскиот клуб Барселона изгледа наскоро ќе стане татко. Според пишувањата на светските медиуми и тврдењата на изворот на информации од родната Аргентина, долгогодишната девојка на фудбалерот Lionel Messi, Antonella Roccuzzo е во блажена состојба.
„Сонувам за тоа да станам татко. Во фудбалот се соочувате со различни ситуации, мене семејството ми е секогаш поддршка и се ми е полесно“, изјавил Messi за еден аргентиснки магазин пред неколку години.
Изгледа конечно неговата желба ќе стане и реалност иако официјално потврдување за медиумите сеуште нема. Според пишувањата на германскиот „Bild“, Messi и Antonella не сакале ниту да ја потврдат ниту да ја демантираат оваа информација, но најверојатно фудбалерот оваа среќна вест сака сам да ја соопшти на медиумите. Тие во љубовна романса се од 2009-та година иако едно време се шушкало по медиумите дека се венчани тајно на Ибица, нивните родители ги демантирале натписите за венчавката.

No comments:
Post a Comment