03 April 2012

Забрането сушење долен веш на балкон, следуваат казни


Долниот веш и сите останати алишта, веднаш соберете ги и наместо испружени на балкон, сушете ги во просторија определена за таа намена, во спротивно џебот ќе ви биде „олеснет“.

balkon-dolen-ves500
Во становите од станбената зграда не треба да се сушат алишта на места кои не се определени за таа намена, стои во Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради и Законот за домување.
Правилникот налага сушење на алишта во одредни простории за таа намена, наместо досегашното сушење по балкони.
Но, доколку зградата нема колективна сушара, потребно е да се најде место на балконот на кое нема да се гледаат алиштата додека се сушат.
Низ прозорците, вратите, балконите, терасите и лоѓиите не треба да се фрлаат било какви предмети, отпадоци, вода и слично, а не треба да се оставаат саксии за цвеќе и други предмети на места кои не се обезбедени а кои можат да претставуваат опасност за минувачите покрај зградата, бидејќи и за тоа ќе следуваат казни.
Сметот пред врата ќе стане минато. Сопствениците или корисниците на становите и деловните простории во станбената зграда домашниот смет веќе не смеат да го оставаат пред влезната врата од станот или на друго место од заедничките делови на станбената зграда.
Во период од 15,00 до 17,00 часот и од 22,00 до 08,00 часот, не е дозволено користење на аудио и видео системи, како и вршење на градежно занатски работи кои го нарушуваат мирот во станбената зграда.
Доколку ова не се почитува овој Правилник следуваат казни. Надлежните служби на почеток ќе издаваат само опомени, додека граѓаните да ги научат правилата.

No comments: