13 April 2012

Моќта на Шепотењето


Шепотењето претставува тивка, но силна сексуална и флертска техника. Верувале или не, еден шепот во увото на вашиот соговорник (машко или женско, како сакате) е толку силен што подсвесно реагира на либидото.
Која е техниката? – многу едноставно: наместо да соопштите нешто со нормален глас, шепнете го на увото. Во моментот кога пристапувате кон шепнувањето, насмевнете се слатко така што да бидете забележани. Глетката дека насмевнато лице е на пат да ви шепне нешто создава силна возбуда која ќе го тера телото да се наежи, а срцето да чука побрзо од вообичаено.


шепотшепот whisper
Што да се шепнува во флеротот? – нормално не се. Елементи на шепотењето се тајните и доколку имате некоја тајна на располагање за време на флертот, споделете ја со шепотење. Гледајте да не бидат чести зошто тогаш шепотот го губи интегритетот а и тоа многу брзо ќе ги открие вашите намери во флертот.
Дали да се шепоти за време на предигра? – СЕКАКО. Шепотењето во предигра секогаш е пропратено со мали бакнежи на увцето и слатки гризнувања. Бакнежите пренесуваат страсна нежност на тој дел од телото, а и самиот звук блиску до увото си го прави своето.
Шепнувањето мали тајни и интимни информации е препорачливо за сите кои намераваат да флертуваат. Начинот на кој соопшувате тајни дава до предизвик за партнерот да ве дознае повеќе за вас.

No comments: