Дури шест од 10 артикли на Википедија содржат неточни податоци - покажало едно ново истражување. Бројот на грешки во фактите покажува дека никако не смеете да ја користите онлајн енциклопедијата како единствен извор на податоци и информации.

Но и покрај ова милиони се потпираат на фактите и бројките од Википедија за многу работи од изготвување на домашната работа, па сè до подготвувањето на корпоративна презентација. Едно истражување покажало дека дури 60% од артиклите содржат грешни факти и податоци.
Страниците на Википедија се пишувани од јавноста, односно од секој што ќе посака, а тоа води до грешки во фактичките податоци, но им ја олеснува работата на оние кои сакаат да ги саботираат артиклите и страниците со цел остварување на одредени задни намери. Администраторите на сајтот исто така го зголемуваат проблемот со тоа што бавно реагираат на жалбите и пријавите за постоење на грешки.
Истражувањето било спроведено од списанието Public Relations при што била спроведена анкета врз 1284 нивни претплатници (кои се занимаваат со односи со јавноста) во врска со информациите за нивните клиенти објавени на Википедија.

„Секој четврти испитаник воопшто не проверил што пишува на Википедја за неговите клиенти. Откога ќе се забележи грешка, исправањето на истата претставува вистински подвиг. Секоја четврта жалба до Википедија не добива никаков одговор. Повеќето чекале до две недели за одговор, иако Википедија гарантира одговор и поправка на грешката за два до пет дена“ - вели професорката Марсиа Ди Стасо од универзитетот Пен Стејт.
Таа додава дека ваквата состојба со голем број грешки не смее да продолжи, бидејќи не им одговара ниту на компаниите кои се обидуваат соодветно да се промовираат, ниту на јавноста која се потпира на Википедија за точни и балансирани инфирмации.
Сте сретнале ли Вие досега сериозна грешка на Википедија?

Извор:Бркајработа
No comments:
Post a Comment