21 April 2012

„Сони“ ќе го менува имиџот


Новиот извршен директор на Сони, Казуо Хирај денеска во Токио истакна дека компанијата ќе се менува и оти постојат гласини за голем број инвеститори кои повикуваат на промени.
soni.jpg500
До крајот на оваа година во Сони ќе биде намален бројот на вработени за 10.000 луѓе поради реорганизација на повеќе бизнис активности, но и ги зголеми двојно загубите на годишно ниво.
Економскиот весник Никеи објави дека Сони со тој чекор ќе ја намали работната сила за околу шест отсто.
Хирај пред неколку недели истакна дека такви одлуки мора да се очекуваат со оглед на годишните загуби од повеќе од две милијарди евра и оперативен дефицит од 900 милиони евра за бизнис-годината завршена на 31 март.
Хирај меѓу останатото постави како цел за две години да ја извлече компанијата од „црвената“ фаза во одделот за телевизори која со години е дефицитарен и во тек се големи реорганизации. Компанијата во 2013-2014 година во сегментот на производство на телевизори да ги намали фиксните трошоци за 60 отсто и оперативните за 30 отсто.

No comments: