21 April 2012

Гринпис: Мајкрософт, Епл и Амазон се трите „лоши ученици“



Компаниите Мајкрософт, Епл и Амазон во голема мерка прибегнуваат кон „валкана“ енергија за своите дематеријализирани информатички услуги, соопшти денеска еколошката организацијата „Гринпис“.

greanpeace.jpg500
Во извештајот, пред се, „прстот се вперува“ кон услугите што на корисниците на Интернет им овозможуваат „онлајн“ складирање на податоците и програмите, пренесоа француските електронски медиуми.


Трите „лоши ученици“ не водат доволно сметка за електричната енергија што ја трошат и продолжуваат во голема мерка да користат „валкана“ енергија заради овозможување на функционирањето на дематеријализираните информатички услуги, соопшти „Гринпис“.
„Гринпис“ , од друга страна, им честиташе на Гугл и Јаху, но и на Фејсбук, кој, како што наведува, сега е пријател на обновливата енергија. Оваа социјална мрежа го направи првиот чекор во добар правец со изградбата на „дејта“ ценатрот ( во кој се сместени компјутерските системи и пропратните компоненти) во Шведска, што може целосно да се снабдува со обвновлива енергија.

No comments: