Фотографиите за изгледот на новиот iPhone 5 беа...
објавени од страна на "Macrumours", а истите се направени според досега познатите информации за уредот.

Според фотографиите, новиот iPhone би требало да има поголемо, односно пошироко "Home" копче, но можно е истото да го задржи својот досегашен облик, а да биде додаден простор од страните за да се овозможи движење на прстите лево и десно со што ќе се олесни мултитаскингот, односно движењето меѓу отворените апликации.
Она што се уште не е познато е големината на екранот и иако се претпоставува дека тој ќе биде поголем, точните димензии сега за сега остануваат необјавени.
Освен тоа, можеме да очекуваме и мали промени во димензиите на самиот уред кој наводно ќе биде малку поширок и потенок.
На многу сличен начин новиот iPhone беше прикажан на едно видео на "YouTube" кое се покажа како лажно, но фактот дека и во него телефонот беше прикажан со поголем екран ги зголеми шпекулациите за димензиите.
Во лажното видео беше спомнато дека екранот ќе биде 4-инчен Ретина, додека меѓу опциите беа наведени двојадрениот А5 процесор, 8MP Full HD камера и 64GB простор за чување на податоците.
Иако се претпоставуваше дека новиот iPhone ќе биде пуштен во продажба во октомври, многу е веројатно дека Стив Џобс ќе реши да го претстави уредот уште следниот месец и со тоа да ги прекине шпекулациите и различните гласини за овој телефон.
No comments:
Post a Comment