Со победата од 3:1 на „Сантијаго Бернабе“ против Спортинг Хихон, Реал Мадрид повторно се врати на четири бода предност пред Барселона, а „кралевите“ успеаа и да срушат рекорд стар 22 години.
Со погодоците на Игуаин, Роналдо и Бензема тимот на Мурињо стигна до 107 погодоци во сезоната, со што го израмни 22 годишниот рекорд кој кралскиот клуб го постави во сезоната 1989/1990 кога предводник на клубот беше актуелниот македонски селектор Џон Тошак.
Мурињо не само што го стигна туку и ќе го надмине рекордот на Тошак доколку се земе во предвид дека на крајот од Примера има уште пет кола.
No comments:
Post a Comment