15 April 2012

Kој друг ако не Вестбрук и Дурент

Ол-стар тандемот на Оклахома Сити постигна вкупно 78 поени во победата на Тандер во Минеаполис од 115:110 за задржување на првото место на Западот. Победа и на нивниот единствен конкурент Сан Антонио



Како и многу други екипи оваа сезона, така и Минесота во саботата навечер почувствува колку е тешко да се запре тандемот на Оклахома Сити - Кевин Дурент и Расел Вестбрук.

Двоецот на Тандер одигра нова добра партија против Вулфси комбинирајќи дури 78 поени во победата на својата екипа од 115:110 со што Оклахома Сити остана лидер во Западната конференција со скор 44-16. Дурент вечерта ја заврши со 43 поени, од кои дури 16 постигна во последните седум минути од средбата.
Вестбрук пак, вечерта ја заврши со 35 поени и осум асистенции во дуелот со Вулфси кои дадоа се од себе да дојдат до голема победа иако беа без првата ѕвезда Кевин Лав, како и Рики Рубио, кој е повреден веќе подолго време.
Мајкл Бизли со 26 поени беше прв стрелец во домашниот тим за кој Џеј0Џеј Бареа додаде 24 поени и 10 асистенции, а Ентони Рендолф имаше 22 поени и 11 скокови.

No comments: