31 January 2014

Ericsson не работи ама го соголе Samsung

Ericsson не работи ама го соголе Samsung
Шведскиот технолошки бренд Ericsson одамна не произвел нов мобилен телефон по раскинувањето на партнерството со Sony, но сеуште има голем број на патенти кои ги користи за заработка преку издавање на лиценци. Најновиот договор со Samsung е вреден неверојатни 650 милиони долари, со што му се стави крај на судскиот процес кој започна во 2012 година. 


Samsung Mobile ги користи патентите на Ericsson уште од 2001 година и договорот се продолжува на секои пет години, но постоеше голема опасност двете компании да го завршат спорот по судски суд бидејќи швеѓаните барале преголема оштета и високи проценти за издавање на лиценци.

Преговорите меѓу двете компании траеле речиси три години и Samsung конечно попушти согласувајќи се на оштета вредна 650 милиони долари плус додатни средства за секој продаден смартфон чија вредност сеуште не се открива.

No comments: