
Има неколку причини зошто Mac OS X стана толку популарен и така пристојно присутен на нашите простори (освен што е еден од најдобрите оперативни системи на светско ниво), сето тоа е благодарение на успешниот Apple со афирмирањето на своите производи и добро подготвените маркетинг презентации. Така спакувано со добро познатиот елегантен дизајн и квалитетниот спој на хардвер-софтвер хармонија Mac компјутерот е беспрекорна „сабја“ за секој креативец. Windows Vista успешно со својот неуспех му отвори место за превласт на Mac OS X со што едноставно Apple си го зазеде своето место на пазарот во поголем радиус. Тоа денеска почнува да го балансира Windows 7 со тешки маки, но успешно го бутка Mac OS X надоле на полиците што кажува за сериозниот квалитет на Windows 7. Додаток на тој успех е оптимизираноста на Windows 7 за notebook компјутери што е голем дел од пазарот денеска и доста експлоатирано поле. Но има некои работи што Mac OS X сепак подобро ги може.
Еве неколку битни причини зошто графички дизајнер повеќе би се одлучил за Mac:
- Стабилност
- Сигурност
- Едноставност
- Стил
OS X е добро познат по својата стабилност, како и употребата на ист компјутер од повеќе корисници. Исто така Mac OS X е скоро virus-free што е многу голем фактор за да стане прав избор. Едноставноста е приказна сама за себе и уредувањето на компјутерот е тотално мануелно што корисникот има целосна котрола врз активностите на хардверот во однос на софтверот. Тоа значи дека ако Photoshop треба да работи 100% ефикасно под одредени услови, на Mac OS X може да се припреми околината за Photoshop да работи со 99% ефикасност, што само по себе е многу скалила над околината во Windows 7. Да напоменам дека Windows 7 ги има во голем дел овие вредности, но станува збор за нијанси што за еден Графички/Веб Дизајнер се видливи, генерално нели и таквите креативци работат со нијанси и како такви ги перцепираат во поголем интензитет. Соодветна споредба за тоа е цената на еден Apple спакуван пакет и еден Microsoft спакуван пакет.
Иако знаеме каков е односот на генералниот пазар за комерцијални оперативни системи, популарноста на Apple во однос со Microsoft нема никогаш (барем во догледна иднина) да се промени. Исто така голем плус се и додатоците што ги лансира Apple како iPhone, iPod и слично што имаат неверојатен успех. Секогаш best buy за еден креативец што алатот му е истовремено и домаќин и перница и книга и социјална порта и убавина и што уште не, Apple компјутер со Mac OS X во пакет е најелегантното решение.
No comments:
Post a Comment